Прва средба на новиот состав на историската комисија

Комисијата на Северна Македонија и Бугарија за историски и образовни прашања денеска заседаваше во Скопје. Ова беше прва средба на новиот состав на новиот макдонски тим со колегите од бугарската страна. Претседателот на бугарската комисија Ангел Димитров пред почетокот на средбата на прашањето што очекува од средбата рече дека нема да коментира со оглед на тоа дека уште не ги познава новите членови на комисијата. Последниот состанок на мешовитата комисија се одржа на 30 и 31 мај во Софија, додека средбата планирана во Скопје за 18 и 19 септември беше откажана на барање на македонската страна.
Ден пред состанокот, во Министерството за надворешни работи, Комисијата беше примена од министерот Тимчо Муцунски, кој на членовите им порача дека стои на располагање да помогне со сите капацитети за непречено продолжување на активностите. Според Муцунски, одлуките и дискусиите во комисијата треба да се засноваат на научни аргументи, за да се почитува академската слобода. Според соопштението на Министерството, Муцунски рече дека истакнал дека лично се залага за независност во одлучувањето на комисијата, без притисоци и политичко мешање.
Оваа заедничка комисија е формирана како резултат на Договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија, кој беше потпишан во август 2017 година меѓу тогашните премиери Зоран Заев и Бојко Борисов. Досега Комисијата одобри препораки за заедничко чествување на пет историски личности, меѓу кои браќата Кирил и Методиј, Свети Наум Охридски, Свети Климент Охридски и Цар Самоил. Исто така, Комисијата даде пет препораки за измени во историските книги за шесто одделение во Македонија и петто одделение во Бугарија.
Суад Бајрами