ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Прва средба Сиљановска-Радев

Прва средба Сиљановска-Радев

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Софија се сретна со со бугарскиот претседател Румен Радев. Ова е прва средба на Давкова и Радев, која се одржа во кабинетот на бугарскиот претседателот, а по која немаше организирано прес конференција за медиумите. Како што јавуваат бугарските медиуми, новинарите не ни биле поканети да ја следат средбата за која ќе се информира со соопштение од Кабинетот на Рдаев.

Advertisements

Пред заедничката средба, бугарскиот претседател одговарајќи на новинарско прашање рече дека Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со Северна Македонија, но нагласи дека очекува исполнување од македонска страна на сите обврски преземени кон Бугарија и кон ЕУ.

„Точно е дека музиката и културата се сфери кои не зближуваат и Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со Република Северна Македонија и очекуваме овој дијалог, не само да помогне во нашето културно зближување туку да и даде и поттик на економската соработка. Очекуваме и со овој дијалог конечно да се решат отворените прашања меѓу нас. Нашите односи ќе се засноваат на нашите договори. Очекуваме Република Северна Македонија да ги исполни сите свои обврски и кон нас и кон Европската Унија. Строго го следиме протоколот. На ред е јас да дојдам во официјална посета на Република Северна Македонија„, рече Румен Радев, претседател на Бугарија.

Претседателката Сиљановска-Давкова  е во посета на Софија по повод настапот на Националната опера и балет (НОБ) во Софиската опера и балет. Во македонската делегација заедно со претседателката се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Од македонска страна се уште нема коментар за средбата со Радев./Алсат.мк

Михаијо Донев

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button