МАКЕДОНИЈА

Прва задача на пратениците-комплетирање на Уставниот суд

Пратениците од утре се враќаат на работа, а процедурата за избор на нови уставни судии се очекува да биде првото прашање на кое ќе работат. Одлуката е донесена на првата координација по летните одмори свикана од првиот човек на Собранието, Талат Џафери. ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше, како што најави, а на координацијата беа СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците, Алтернатива и Беса. Постапката за избор на уставни судии трае со месеци, а поради политички несогалсувања оваа институција работи со 5 од вкупно 9 судии колку што треба да има.

Advertisements

„Претседателот Џафери им предложи на координаторите на пратеничките групи од утре Комисијата за избори и именувања да продолжи со работа по точката за избор на уставни судии, а останатите комисии на Собранието на Република Северна Македонија да продолжат со разгледување на преостанатите точки од дневниот ред“, наведуваат од Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Првата нова седница ќе биде на 14 септември, па затоа мнозинството има намера да ја забрза постапката за разгледување на кандидатите за уставен судија за да може точката да се решава на првата наредна седница.

Од СДСМ ги повикаа пратениците да бидат одговорни и да се посветат на нормалното функционирање на Собранието. Тие го повикаа ВМРО-ДПМНЕ да не продолжи со блокадата и со пречките.

ВМРО-ДПМНЕ денеска не се изјасни, но изминатите денови најави дека ќе продолжи со активната блокада на законодавниот дом, која ја започна во мај, како обид да се отвори пат за предвремени избори.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button