СВЕТ

(ВИДЕО) Првата вакцина против корона ја доби 90-годишната Британка, Маргарет

Велика Британија денеска почна со вакцинирање против коронавирус. Први на ред се лицата над 80 години. Вакцинирањето не е задолжително. Против обврска за вакцинирање е и СЗО.

90 годишна жена беше првото лице кое се вакцинираше од ковид-19 како дел од програмата за масовна вакцинација што се одвива во Велика Британија. Маргарет Кинан, која полни 91 година наредната недела, изјавила дека „ова е најдобриот роденденски подарок“.

Кинан е првото лице во ЕУ кое добило вакцина надвор од клиничките студии. „Се чувствувам неверојатно привилегирана што сум прва личност вакцинирана против Ковид-19“, изјави Кинан.

Според медиумите, намера да се вакцинираат набрзо имаат и 94-годишната кралица Елизабет и нејзиниот 99-годишен сопруг Филип, со цел да направат „силна противтежа на движењето на антиваксери“.

Велика Британија со над 61.000 починати, е земја во ЕУ која е најмногу погодена од Ковид-19. Таа даде дозвола за вакцината на Бионтек/Фајзер пред другите европски земји и пред САД.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button