РЕГИОН
Први два сомнителни случаи на делта сој во Албанија

Во регионот на јужниот албански град Ѓирокастро се регистрани првите два случаи сомнителни дека се заразени со делта сојот. Извори за телевизијата Ора њуз информираат дека едниот е студент од село во близина на градот, кој дошол од странство и покажал компликации и симптоми слични на индискиот тип на корона вирусот.
„Вториот случај е лице на 45-годишна возраст од Пермет, кое исто така пристигнало од странство. И двајцата се лекуваат во домашни услови и засега нивната здравствена состојба е стабилна“, наведува телевизијата.