Првиот авион од Софија слета за Скопје

На Меѓународниот аеродром Скопје, утринава во 5 часот и 48 минути слета првиот лет од Софија до Скопје. Со воден мост во форма на виножито, ТАВ Македонија го пречека авионот на бугарската авиокомпанија „Гуливер“. Авионот од типот ATR 72-600 кој може да превезе 70 патници, го одбележа почетокот на официјалното работење на редовната авионска линија. Авионот ќе сообраќа два пати неделно, во сабота и понеделник, а летот трае 30 минути. Првите патници од Бугарија беа пречекани од министерот за транспорт Благој Бочварски. Авионското поврзување меѓу двата главни града на Северна Македонија и Бугарија е првиот конкретен чекор на соработката што ја најавија премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков на првата средба што се одржа на 18 јануари годинава во Скопје. /Alsat.mk