МЕТРОПОЛ

Првиот дрвен сателит тргна на својата важна мисија

Првиот дрвен сателит официјално е позициониран во вселената. За потсетување, ова е сателит изграден од Јапонската агенција за воздушно истражување (JAXA), кој беше лансиран до Меѓународната вселенска станица (ISS) во ноември 2024 година.

НАСА потврди дека мал сателит, наречен LignoSat, бил ставен во орбитата во декември, каде што ќе ја истражува одржливоста на користењето на дрвото како материјал за изградба на објекти во вселената. Ако дрвото се покаже доволно издржливо, тоа би можело да биде првиот чекор кон користење на поодржливи материјали во вселената.

LignoSat, иако е компактен како многу попознатите CubeSats, не користи завртки, шајки или лепило. Наместо тоа, за негово склопување се користела древната јапонска техника за обработка на дрво „сашимоно“, која обезбедува спојување на дрвото со посебен метод на резба.

Јапонците не сакале ништо да препуштат на случајноста, па дрвото за сателитот било избрано по едногодишен експеримент. Станува збор за вид дрво магнолија, хоноки, кое традиционално се користи во Јапонија за правење обвивки од меч. Дрвото го обработувале и сателитот го составиле мајстори столари од Кјото.

Дека користењето на дрвото во вселената има смисла сведочи и фактот дека, за разлика од дрвото на Земјата, во вселената нема надворешни влијанија кои би го „расипале дрвото“ – нема вода или кислород. Ова го прави дрвото, барем теоретски, подобар избор за градење објекти со пократок рок на траење. Бидејќи целосно ќе изгори кога ќе влезе во атмосферата на Земјата, за разлика од металот.

Металните сателити би можеле да бидат забранети во иднина, истакна Такао Дои, поранешен астронаут на JAXA кој ги проучува човечките вселенски активности на Универзитетот во Кјото. „Ако можеме да докажеме дека нашиот прв дрвен сателит функционира, сакаме да го претставиме на SpaceX“, додаде тој.

LignoSat ќе остане во орбитата шест месеци, а за тоа време вградените сензори ќе следат како дрвото ги поднесува вселенските услови – од екстремно ниски температури до сончевото зрачење и колку добро ги штити електронските компоненти лоцирани внатре.

После тоа, ако се оди според планот, LignoSat треба да се спушти во атмосферата на Земјата и таму целосно да изгори.

Извор: НАСА

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button