СПОРТФУДБАЛ

Првиот тренинг на Македонија без Елмас и Трајковски

Македонската репрезентација ги стартуваше подготовките за последните два натпревари од квалификациите за ЕП 2024, против Италија на 17. ноември во Рим и против Англија на 20. ноември во Скопје.

Advertisements

Селекторот Боби Милевски пред комплетирањето на националниот тим го одработи првиот тренинг од мини-подготовките од само три дена кои ќе се реализираат во Скопје, пред заминувањето за Рим.

Но, уште од самиот старт на подготовките јасно е дека сите македонски репрезентативци се максимално подготвени за мегданот со светските фудбалски гиганти. На првиот тренинг, селекторот Благоја Милевски немаше на располагање двајца од поискусните репрезентативци, Александар Трајковски и Елиф Елмас.

FOTO: Ekipa.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button