Првиот вицепремиер на РМ, Изет Меџити, денеска во Тирана се сретна со албанскиот премиер Еди Рама
Првиот вицепремиер на РМ, Изет Меџити, денеска во Тирана се сретна со албанскиот премиер Еди Рама

Првиот вицепремиер на РМ, Изет Меџити, денеска во Тирана се сретна со албанскиот премиер Еди Рама. По средбата, Меџити рече дека официјална Тирана го признава резултатот на изборите во Северна Македонија и новата влада на Скопје. Меџити претходно учествуваше на Конференцијата на амбасадори организирана од Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија, на која присуствуваа албански политичари од земјите од регионот. На оваа конференција тој рече дека евроинтеграциите остануваат апсолутен приоритет на коалицијата и ја изрази својата посветеност и подготвеност во секој момент да гласа за уставните измени.
„Албанската влада го признава вердиктот на изборите, ја признава новата влада, заинтересирана е да ја продолжи и продлабочи соработката меѓу двете земји. Разговаравме за започнување на новата соработка, меѓу новата влада и албанската влада, на многу полиња во иднина и средба на двете влади, двајцата премиери, за продлабочување на одличната соработка меѓу Република Албанија и Северна Македонија. , почнувајќи од економија, образование, дипломатија, интеграции, слобода на движење на граѓани, стоки и сл.„, рече Изет Меџити, прв вицепремиер.