Првите дози на вакцината против ковид 19 се очекува во земјава да пристигнат во февруари или март следната година

Првите дози на вакцината против ковид 19 се очекува во земјава да пристигнат во февруари или март следната година. Сите вакцини ќе бидат бесплатни, соопшти Министерството за здравство. Тендерската цена е по единица ќе биде 10 американски долари. Министерот Венко Филипче рече дека овој вид на вакцина, направена од Оксфорд ќе пристигнат преку механизмот „Ковакс“. Според него, денеска е формирано координативно тело кое ќе биде надлежно за организација и имплементација на вакцинирањето.
https://www.youtube.com/watch?v=W4lD4OI0I8c&feature=youtu.be
Од Комитетот за имунизација велат дека првите дози ќе бидат приоритет за загрозените категории и медицинскиот персонал, кои се на првата линија на борба со вирусот. Претседателката на овој комитет, Александра Грозданова рече дека и пациентите кои веќе се опоравиле од овој вирус, ќе можат да се вакцинираат, но по нивна волја.
Покрај нив, Министерството за здравство побара да склучи директни договори со двете светски компании Астра Зенека и Фајзер, кои веќе направија вакцина против ковид. Третата опција е нашата земја да обезбеди дополнителни дози преку Амбасадата на Полска и амбасадата на Грција, кои им ветија на нашите власти дека ќе одвојат дел од 100 милиони вакцини обезбедени од ЕУ за европските земји кои не се дел од ЕУ.
Adi Qaili