СПОРТ

Првите луѓе на Албанскиот Олимписки Комитет во Скопје

Денoвиве во посета на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) беа претседателот на Олимпискиот комитет на Албанија, Фидел Ули и генералниот секретар, Герти Шима. Високите гости од Албанија дојдоа лично да упатат честитка до претседателот на МОК, Даниел Димевски за реизборот за претседател и нов четиригодишен мандат на чело највискота спортска институција во државата.

Advertisements

Даниел Димевски пред нколку дена доби нов мандал и ќе биде претседател на Македонскиот Олимписки Kомитет (МОК) во следните четири години. На редовно изборно собрание, одржано во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, беа присутни 55 делегати од вкупно 61 и се гласаше по единствената кандидатура, онаа на актуелниот претседател.

Димевски доби доверба со 45 гласа ЗА, осум ПРОТИВ и два ВОЗДРЖАНИ и ќе го води македонското олимписко движење најмалку уште четири години. Меѓусебната соработка ќе се интензивира во пресрет на Олимписките игри, со цел подобра подготовка на спортистите за учество на Олимписките игри во Париз./Gol.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button