Прво нов судија, па тогаш судење за „Траекторија“

Одложени се сите судења каде судија е Горан Бошевски или е дел од судечкиот совет. Тие се одложени до назначување на нов судија, информираат од Кривичен суд. Бошевски е разрешен.
Денеска немаше судење за предметот „Траекторија“, каде Бошевски е претседател на судечкиот совет. Случајот се однесува на постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Случајот „Траекторија“ се води против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски, како и против поранешниот премиер Никола Груевски.
Нови членови на судечкиот совет, ќе треба да бидат назначени и во предметите „Шпански скали“ и „Талир 1“, каде Бошевски е член.