ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Прво па машко! На ГАК се роди првото бебе во 2024 година

Првото бебе во 2024 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје точно на полноќ. Дежурната екипа и професор доктор Горан Димитров, го извршија породувањето на 34-годишната Наташа Стефковска од Скопје.
– На новороденчето му посакуваме добро здравје и среќно детство, се наведува во соопштението. Во првите 15 минути од Новата година на ГАК се родија три бебиња.