ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Првомајски протест на ССМ, барање работнички права и повисоки плати

Првомајски протест на ССМ, барање работнички права и повисоки плати

Со свирежи , транспаренти и јасна порака, сидндикатите и работниците на улица го одбележаа денот на трудот. Тие бараат жинимална од 500 евра, покачување на сите останати плати за 100 евра, како и подобри услови за работа, побараа тие на протестот. Рутата на движење започна од Работничкиот дом, Стомапнската комора, Собранието и крајната дестинација беше Владата.

Advertisements

Првиот човек на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов, побара зголемување на минималната плата на 500 евра и сите остнати плати за уште 100 евра , но доколку не се зголемат сите функционери да се стават на минималец.

„Жалосно е да уживаат привилегии 79 проценти зголемени плати, трошоци за превоз повисоки од минималната плата, собраниско бифе поевтино од работничка менза. А да одбиваат да донесат измени и дополнување на законот за минимална плата нејзино зголемување на 500 евра, за 100 евра дополнително зголемување на платите на сите останати работници да имаат право и работниците како и пратениците на трошоци за превоз и на трошоци за храна„ – Слободан Трендафилов – ССМ.

Со цел да им укажат како изгледа кога ним им се врти грбот, синдикатите и работниците и го свртеа грбот на Власта.

Се упатија кон Стопанската комора каде побараа газдите да ги покачат платите и да им укажат дека, работниците се иселуваат во странство поради како што велат мизерната плата.

„Овие позади ќе го поправам колегата не се работодавачи , овие се газди безкичмењаци , кои што 30 години ни ја пијат крвта со памукче и на кои што 500 евра за нас се многу, а сега во Грчка на викенд 5000евра им се малку. Ова не е за уа ова е за секој ден цел ден да сме тука на улица додека не ни покачат плата. Ова уа е за сите фамилии што ни се отселија да бараат леб во странство, Македонија била и ќе биде плодна само со вас и само со работникот ние им го создадовме капиталот, ние имаме дел и право од тој капитал” – Иван Пешевски – ССМ.

Пред Владата порачаа дека без работниците, нема економија, нема развој и нема иднина и побараа достионствени плати за живот.

Кристина Ампева рече дека денес се тука да им кажат на сите функционери кои земаат 79 отсто покачена плата, патни трошоци и имаат службени возила, покачување на плата од 1800 денари не е доволно.

„Станавме земја со највисока инфлација која што ги изеде платите, станавме земја со најниска стапка на раст на економија, станавме земја со најниска плата. Сите земји во регионот, сите власти разбраа дека тоа е едниствениот начин да се покачуваат платите” – Кристина Ампева – Гласен текстилец.

Меѓутоа не сите синдикати беа присутни на протестот. Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) не учествуваа, бидејќи како што појаснија вчера претседателот Благоја Ралповски, смета дека во земјава има добар социјален дијалог и дека проблемите секогаш се решаваат на маса.

Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button