ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Првороденото бебе е машко

Првороденото бебе е машко

Првото бебе родено минута по полноќ е машко. Како што соопштија од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, детето е родено со царски рез. Неколку минути подоцна се родиле уште три бебиња, едно момче и две девојчиња.

Advertisements

Како што е традиција, првото бебе за 2023 година го посетија министерот за здравство Беким Сали и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Првите часови од 2023 година беа плодни и за гинеколошката болница „Мајка Тереза“ во Чаир. Како што соопштија од оваа болница, првото родено бебе е девојче кое во 3 часот и 25 минути го роди мајката Таибе Бислими. За првото бебе родено во гинекологијата „Мајка Тереза“ пристигнаа подароци од општина Чаири./Alsat.mk

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button