СПОРТФУДБАЛ

ПСЖ без Меси, Галтие: Мораме да играме поразновидно

Лионел Меси не се опорави на време од повредата на ногата и нема да биде во конкуренција вечерва за настап за својот ПСЖ во дуелот од лигата на шампионите на домашен терен против тимот на Бенфика.

Advertisements

Меси се повреди токму против португалскиот состав но на гостински терен, и не го одигра дуелот од домашниот шампионат против Ремс. Тоа и тоа како се одрази на се пред се на резултатот затоа што парижаните не победија и одиграа 0:0. Не може да најдат начин како да стигнат до противничкиот гол, што е уште еден показател дека Меси во овој тим е многу важен.

„Знаеме дека Лео е многу важен за нашата игра, неговата форма и односот што може да го има со другите играчи. Не можеме да се радуваме на неговото отсуство. Но, ќе мора да најдеме други начини да создадеме опасност за одбраната на Бенфика“, изјави Галтие.

Ќе видиме вечерва како ќе се одвиваат нештата и дали ПСЖ ќе успее да победи без аргентинецот, за кого се погласни се шпекулациите дека е пред кам бек во Барселона.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button