ВЕСТИСВЕТ

Пукање на универзитет во Прага, има ранети и мртви, напаѓачот е убиен

Попладнево се случило пукање на Карловиот универзитет во Прага. Според првичните информации на чешката полиција, има ранети, но и жртви.

Како што пренесува српски Танјуг, чешката полиција денеска соопштила дека на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет на плоштадот „Јан Плах“ во Прага се случило пукање во кое има мртви и десетици ранети, а напаѓачот е убиен.

„Напаѓачот е убиен, целата зграда е евакуирана, а десетици се повредени“, соопшти чешката полицијата во најновата објава на платформата Икс.

Претходно полицијата соопштила дека според првичните информации има жртви и повредени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button