
Портпарол на германската полицијата потврди дека имало пукање во областа Кројцберг во кое биле вклучени неколку лица, но не можел да даде повеќе информации.
Пукањето се случило во близина на седиштето на партијата СДП, но полицијата тврди дека немало политички мотиви, пренесоа германските медиуми. На таа локација се пронајдени три повредени лица.
Голем број тешко вооружени полицајци трагаат по напаѓачот, а во потрагата е вклучен и хеликоптер.
Едно повредено лице било извлечено од каналот Лендвер, каде скокнало во обид да избега од напаѓачот.