
Вечерва во Тетово имало пукање од лице на мотор во движење. Инцидентот се случил на улицата 111, позната и како населба Теќе.
Според првичните информации, овој случај може да е поврзан со убиството што се случи пред една година во истата населба. Исто така, можно е инцидентот да е поврзан со друг инцидент што се случил претходно, каде што имало престрелка меѓу лице од село Гајре и друго од градот Тетово, настан што се случил пред околу една година и неколку месеци, во близина на тетовската болница.
Полицијата е на местото на настанот и го истражува инцидентот. Наскоро се очекува официјална верзија. /алсат.мк