
Во престрелка во угостителски објект во Тирана, доцна синоќа, убиена е жена која била таму вработена, а ранети се уште пет лица.
Од фрагментите од скршеното стакло, едно дете се здобило со повреди на ногата.
Од полицијата потврдија дека угостителскиот објект е во сопственост на лице со криминално досие.
Официјално не се познати околностите за пукањето иако некои албански медиуми пишуваат дека цел на нападот веројатно бил сопственикот на локалот.
Извор: Albaniadailynews