СВЕТ

Пукано во автобус од прозор, повредени се две лица во Москва

Пукано во автобус од прозор, повредени се две лица во Москва

Две лица се ранети денеска во Москва кога непознат маж пукал во возило на јавен превоз од прозорецот на неговата куќа, јавија руските медиуми.

Advertisements

Престрелката се случила во населбата Бибирево на северот на Москва, пишува порталот „Газета.ру“.

Припадници на полицијата излегле на местото на автобуската станица каде биле искршени стаклата, делумно блокирани околните улици, а како што пренесува каналот Шот Телеграм, лекарите им помагаат на ранетите маж и жена.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button