СПОРТФУДБАЛ

Пулишиќ веќе избрал меѓу Милан и Олимпик Лион

Кристјиан Пулишиќ е следниот на листата на фудбалери на Челси, кои во најскоро време ќе си заминат од „Стемфорд Бриџ“, но американскиот репрезентативец им создава проблеми на „сините“ поради одбивањето да замине во клубот кој испрати најбогата понуда до лондонскиот клуб.

Advertisements

Француски Лион гледа на Пулишиќ како на главно засилување за наредната сезона и веќе понуди 25 милиони евра за да го доведе aмериканецот во своите редови. Челси ја прифати понудата, фудбалерот преговараше за личните услови, но веднаш потоа ги исфрустрира „сините“ со одговорот – одбивање на понудата на Лион и барањето приоритет да се стави на преговорите со Милан.

Пулишиќ не ја крие желбата да игра за Милан, тим со кој ќе има можност да настапува и во Лигата на Шампионите. Проблем претставува фактот што екс-шампионот на Италија нема намера да ја израмни понудата на Лион. Највисоката понуда на „росонерите“ изнесуваше 17 милиони евра плус три преку клаузули, па останува да се види дали ќе се најде заеднички јазик за Пулишиќ да се пресели на „Сан Сиро“

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button