Путин чека официјални резултати за да даде изјава за изборите во САД

Додека се поголем број светски лидери му честитаат на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, Кремљ вели дека ќе ги чека конечните официјални резултати, за да даде коментар за изборите.
Запрашан зошто во 2016 година претседателот Владимир Путин му честиташе на републиканецот Доналд Трамп наскоро откако победи на Изборниот колеџ и ја порази демократката Хилари Клинтон, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите денеска изјави: „Можете да видите дека има одредени законски процедури што беа објавени од сегашниот претседател “.
„Затоа ситуациите се различни и затоа сметаме дека е соодветно да се чека официјално соопштение“, рече песков и додаде дека „Путин во повеќе наврати рече дека ќе го почитува изборот на американскиот народ“ и дека е подготвен да работи со секој претседател на САД.