Путин и Ким Јон Ун си ветија поддршка при евентуален напад

Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун потпишаа договор за соработка кој вклучува меѓусбена помош доколку која било земја биде нападната.
Говорејќи по церемонијата на потпишување, Ким рече дека договорот „е најмоќниот договор“ потпишан „во историјата“ меѓу двете држави, што ќе овозможи соработка на многу полиња, вклучително и политичко, економско , културно и воено.
„Односите меѓу двете земји се подигнати на повисоко ниво како сојуз. Ова обезбеди правна основа врз која можеме да го исполниме големиот план на двете влади и желбите на нашиот народ да изградиме посилни земји притоа штитејќи ја безбедноста на светот. Со потпишување на сеопфатно стратешко партнерство меѓу двете земји, ќе ја прошириме нашата соработка на различни полиња вклучувајќи ја политиката, економијата, културата и одбраната. Ќе бидеме пат на кој можеме да постигнеме напредок и да ја промовираме благосостојбата на нашиот народ“, рече Ким Јонг Ун, претседател на Северна Кореја.
Путин рече дека безбедноста и меѓународните прашања биле во фокусот на средбата со Ким, објавија руските државни медиуми. Се цитира дека Русија не ја исклучува можноста за техничко-воена развојна соработка. Посетата на Путин на Северна Кореја доаѓа откако расте загриженоста поради договорот за вооружување со кој Северна Кореја ѝ дава муниција на Русија која и е потребна за поддршка на војната во Украина во замена за економска помош што може да ја зголеми заканата од нуклеарното оружје на Пјонгјанг.
Северна Кореја е под строги економски санкции наметнати од Советот за безбедност на Обединетите нации поради ракетната и нуклеарната програма на Пјонгјанг. Исто така, Русија се соочува со санкции наметнати од Вашингтон и западните партнери поради војната во Украина.
Алсат