СВЕТ

Путин не оди на самиот на БРИКС во Бразил поради опасност од апсење

Рускиот претседател Владимир Путин, кој е баран од Меѓународниот кривичен суд (МКС), нема да патува на самитот на БРИКС во Бразил на почетокот на јули, соопшти Кремљ додавајќи дека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров ќе биде таму.

Advertisements

Путин ќе зборува на настанот преку видеоврска, изјави неговиот дипломатски советник Јуриј Ушаков додавајќи дека рускиот претседател не патува поради одредени тешкотии во контекст на барањето на МКС.

Како член на Меѓународниот кривичен суд, Бразил би бил должен да го уапси Путин доколку стапне на негова територија.

Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва изјави дека Путин ќе биде поканет како претседател на земјата членка и основач на БРИКС, и покрај потерницата за нелегална депортација на украински деца во Русија, што Москва го негира.

Самитот на Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка, Египет, Етиопија, Индонезија, Иран и Обединетите Арапски Емирати ќе се одржи на 6 и 7 јули во Рио де Жанеиро.

Путин не патуваше ниту на самитот на БРИКС во Јужна Африка во август 2023 година.

Тој не беше уапсен на почетокот на септември минатата година во Монголија, земја членка на Меѓународниот кривичен суд, а за ова МКС и Европската Унија ја критикуваа таа земја.

Во октомври минатата година, самитот на БРИКС се одржа во Казан, Русија.

Путин редовно го фали БРИКС – група од десет земји во развој, претставувајќи го како противтежа на западната хегемонија во светот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button