СВЕТ
Путин: Русија е подготвена за преговори со Украина

Русија не само што е подготвена за преговори со Украина, туку и ги водеше овие преговори на самиот почеток на конфликтот, изјави рускиот претседател Владимир Путин, пренесува РИА Новости.
„Постојано кажував дека Русија не само што е подготвена за преговори, туку во одредена фаза – на самиот почеток на овој конфликт – ги водеше овие преговори, па дури и беше развиен заемно прифатлив договор, парафиран од украинската страна. Украинската страна, по совет однадвор, изјави дека официјални лица на Украина го отфрлиле овој договор“, рече Путин.
Извор: РИА новости