ВЕСТИРЕГИОН

Путин се радуваше на победата на Вучиќ

Прв кој се израдува на победата на Александар Вучиќ во Србија е рускиот претседател Владимир Путин. Во својата честитка, Путин рече дека се надева дека ќе го продолжи „стратешкото партнерство со Србија“. По прогласувањето на победата, Вучиќ рече дека Србија ќе се обиде да одржува пријателски односи и партнерство во многу области со Руската Федерација, но дека ќе води и политика на воена неутралност.

Advertisements

„Треба да видиме што ќе правиме со нафтата, преговорите за гасот ќе дојдат. Ќе продолжиме да го правиме ова, а што е важно за Европејците, Русите и Американците, ќе ја продолжиме политиката на воена неутралност која доби поддршка и нема да се приклучи на ниту еден воен сојуз“, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија

Александар Вуиќи во неделата беше реизбран за претседател на Србија за уште еден 5-годишен мандат. Според првичните резултати, Вучиќ освоил околу 60 отсто од гласовите, додека кандидатот на опозициската коалиција „Обединети за победа на Србија“ околу 18 отсто од гласовите.

Листата „Александар Вучиќ – Заедно можеме се“  освои мнозинството гласови на предвремените парламентарни избори. Од 90 отсто преброени гласови, листата на српскиот претседател освоила повеќе од 44 отсто. На второ место е коалицијата „Обединети за победа на Србија“ со над 13 отсто од гласовите и на трето е Социјалистичката партија на Србија со околу 11 отсто. Албанската коалиција на Шаип Камбери доби 0,28 отсто од гласовите за да обезбеди место во српскиот парламент, или многу помалку отколку што беа очекувањата на Албанците – за  3 или 4 места во српскиот парламент.

На косовските Срби за изборите во Србија не им беше дозволено да гласаат на Косово, но тоа го направија во српските општини. Тие ја прославија победата на Вуиќи со истрели во Северна Митровица.

Косовската полиција започна истрага против Србите од Митровица. Според косовската полиција, за време на прославите било употребено оружје со кое било пукано во воздух со што се загрозени животите на луѓето наоколу. /Алсат.мк

Исуф Кадриу 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button