ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Работата на судиите ќе се оценува електронски

Електронски ќе се оценува работата на судиите. Судскиот совет донесе методологијата за квалитативно оценување на судиите, која ќе се имплементира во АКМИС Системот. Автоматски ќе се мери кој судија колку сработел, според бројот на предмети и според нивната тежина. Доколку еден судија две години по ред има бодови помалку од прагот, тогаш тоа ќе биде основ за негово разрешување. Според претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, со методологијата и ќе се унапредуваат судиите.

Advertisements

„Ако имаме објективно оценување врз основа на вердносни критериуми, тогаш ќе имаме и поодговорни и попосветени судии, а со тоа и на некој начин ќе придонесеме кон враќање на довербата на граѓаните во судството“, вели Црвенковска.

АКМИС Системот ќе ја мери само работата на судиите, но не и нивната етичност. Тоа е работа на Советот за етика на Здружението на судии. Судскиот совет веќе отвори постапка против претседателот на кавадаречкиот суд, Лазар Нанев за да утврди кој му платил за картите на фудбалските натпревари во Италија и Португалија.

„Ние ќе побараме информација од судијата Нанев преку координаторот за основниот суд Кавадарци, ќе побараме мислење од Советот за етика од Здружението. Врз основа на тие информации ќе разговараме, па ќе видиме. Јас не можам да прејудицирам“, додава Црвенковска.

Судскиот совет во годишниот Извештај за работата на судовите во 2021 година наведе дека неажурно работеле Врховниот суд, Апелационите судови во Скопје, Гостивар, Битола и Штип. Од судовите, Судксиот совет пролзана оценка даде само за 15 судови од вкупно 34. Лошиот исход на работење завршил со казнување на само седум судии – судкскиот совет не кажа кои судии се.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button