Работата на угостителските објекти е ограничена

Владата на денешната седница усвои нови мерки за спречување на ширење на коронавирусот. Работното време на угостителските објекти е скратено до 21 часот, со исклучок на тие што дистрибуираат и продаваат храна .
Владата, исто така, ја усвои одлуката за забрана на групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 21 часот и препорача по 21 часот да не се излегува без потреба.
“-Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.”
Новите мерки според здравствените власти се чекор до полициски час или карантин. Заострувањето на мерките беше најавено претходно од министерот за здравство, Венко Филипче, кој повторно повика на почитување на протоколите, како единствена опција за заштита од ковид-19. И шефот на КЗБ, Жарко Караџовски, рече дека во случај на влошување на состојбата, може да се донесат уште поостри мерки, пред сè во работата на угостителските објекти, како што се ресторани, барови, но и ограничување на културните настани.
Adnan Qaili