ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Работната група за уставни измени го усвои Деловникот за работа

Работната група за подготвување на предлог-иницијативата за потребата од уставни измени со кои Бугарите и другите народи треба да бидат вметнати во највисокиот правен акт на државата, на денешната седница во Владата едногласно го усвои Деловникот за работа, информира претседателката Маргарита Цаца-Николовска.

Advertisements

„Деловникот е едногласно усвоен и отсега натаму веќе сите формално-правни околности, проблеми, елементи, нема да бидат проблем со оглед на јасноста и прецизноста. Утре или задутре Деловникот ќе биде објавен на станицата на Министерството за правда и јавноста ќе може да го оцени. Јас го оценувам како добар, го оценувам како основа која дава можност за се она што треба ние понатаму да работиме без да влегуваме во некои дискусии кои што ќе ја одолговлекуваат работата, а немаме многу време“, изјави Николовска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button