СПОРТФУДБАЛ

Милан Илиевски, веќе не е тренер на Работнички

Милан Илиевски веќе не е шеф на стручниот штаб на ФК Работнички. По вчерашниот пораз од Шкупи од 3-0 раководството на клубот постигна спогодбен раскин на договорот.

Advertisements

Клубот му се заблагодарува на Милан Илиевски за досегашната напорна работа и му посакува среќа во понатамошната кариера. Работнички ја информираше јавноста дека во наредните денови ќе биде донесена одлука кој ќе го предводи тимот во наредниот период.

Тимот од Дебар маало е во серија од три порази, и моментално е на разочарувачкото деветто место на табелата со само 13 бода. Во следното коло „романтичарите“ на домашен терен го пречекуваат Силекс.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button