МАКЕДОНИЈА
Работниците во земјава немаат храброст да пријават мобинг на работно место, вели министерката за труд и социјална политика

Македонските работници мошне малку се охрабруваат да пријават мобинг на работното место, вели во своето вечерашно гостување во емисијата Економски Магазин на Алсат, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска. Говорејќи на оваа тема таа рече дека министерството коешто го предводи веќе работи на дополнување на законот со кое би се зајакнал заштитниот механизам за работниците.
„Во моментот се работи на измени и дополнување на законот за заштита од вознемирување на работно место. Работиме на измени и дополнувања за да го зајакнеме заштитниот механизам за работниците и да можат да бидат повеќе охрабрени да го пријавуваат мобингот“, рече Тренчевска.