Работодавачи: Не е проблем да расте минималецот, но како да се усогласат останатите плати

Работниците денеска ја одработија првата дневница од новата минимална плата. Од овој месец најниската месечна плата ќе изнесува нешто над 20 илјади денари. Работодавачите велат дека не е проблем да расте минималецот, но ќе биде предизвик како да се усогласат и останатите плати. Проблематична ќе биде ситуацијата и во јавнииот сектор, многу службеници ќе имаат различна тежина на работата, а ќе добиваат речиси иста плата. Растот на минималната плата и опасностите од урамноловката е вечерашната тема на Економски магазин кој се емитува на Алсат во 22 часот и 20 минути.
„Минимална плата треба да земаат многу мал дел на работници, таа е како минимум, треба да се качуваат други плати. Не може ние да ја качуваме само минималната, а останатите да не ги качуваме. Тоа што Вие велите: Како е можно 34 илјади денари да е просечна плата а работниците да се жалат на поскап леб од два -три денари. Знаете како, некои држави тоа го решаваат што минималната плата ја земаат од медијалната плата. Со просечната плата е многу неправилно. Директорката на УЈП кажа дека некој од Скопје имал 166 илјади евра плата. Замислете тој колку ја подигнува просечната плата“, рече Ангел Димитров, Организација на работодавачи.