ВЕСТИРЕГИОН

Рачна граната експлодирала во дворот на Општината Северна Митровица

Рачна граната експлодира синоќа во дворот на општината во Северна Митровица, во косовската област населена со мнозинско српско население, причинувајќи единствено материјална штета, јави дописникот на МИА од Приштина.

Advertisements

Информацијата за експлозијата во дворот на општината, при што се оштетени две службени возила на косовската полиција, во изјава за медиумите ја потврди полицискиот портпарол, Баки Кељани.

„Доцна синоќа непознат/и сторител/и извршија напад со експлозивно средство врз општина Северна Митровица. Врз основа на службените информации, постојат сомневања дека во дворот на општинскиот објект во Митровица, близу влезот на објектот е фрлено експлозивно средство, за кое се претпоставува дека е рачна граната, при што е причинета материјална штета врз полициски возила. За среќа нема извештаи за повредени лица, освен за материјална штета врз две службени возила. Во консултација со надлежен обвинител поткренат е случај за „извршување терористичко дело“, се вели во изјавата на Кељани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button