ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Радев: Бришењето на бугарските клубови нема да ја избрише цврстата определба за вклучување на Бугарите во уставот

Oдлуката на властите во Северна Македонија да го избришат бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола e израз на немоќ и паника, изјави денеска во Брисел бугарскиот претседател Румен Радев.

„Ова одекнува многу лошо во ЕУ. Оваа одлука е израз на паника и импотентност, бидејќи властите во Република Северна Македонија мора конечно да признаат дека има македонски Бугари и бугарско присуство во Северна Македонија не сега, туку со векови – веќе 1 300 години. И бришењето на имињата на бугарските клубови нема да ја избрише цврстата определба на Бугарија и нашите европски партнери, Република Северна Македонија, да ги вклучат Бугарите во нивниот устав“, рече тој, пренесува БГНЕС.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button