РЕГИОН

Радев: Бугарите никогаш не биле пообединети во желбата да ја вратат земјата од мафијата


Бугарскиот претседател Румен Радев вечерва им се придружи на демонстрантите, на 15-от ден од антивладините протести во Софија и другите градови низ земјата, соопшти БГНЕС.

-На 15-от ден од протестите благодарение на вас плоштадите се полни со надеж и непомирливост. Илјадници луѓе протестираат на улиците на сите поголеми градови во Бугарија и Европа. Транспарентите ви кажуваат многу вистини за кои медиумите молчеа, за кои властите остануваат глуви и одбиваат да ги слушнат. Протестите ги убедија сите Бугари дека не се сами и дека заедничката желба за слобода, закон и правда ги обединува сите генерации. Бугарија излезе од хипнозата на пропагандата и светот ја погледна Бугарија. Бугарите никогаш не биле пообединети во желбата да ја повратат земјата од мафијата. Плоштадот роди братство на чесни луѓе кои нема да бидат робови на лаги и закани и ќе отфрлат каква било несреќа и кои веруваат дека слободна Бугарија на достојни граѓани е нашата иднина, рече бугарскиот претседател пред насобраните.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button