ВЕСТИРЕГИОН

Радев денеска ќе предложи референдум за усвојување на еврото како валута на Бугарија

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека денес ќе поднесе предлог за одржување национален референдум за тоа дали Бугарија треба да се приклучи на Еврозоната.

Advertisements

Радев изјави дека во текот на денот ќе предложи референдум со прашањето „Дали се согласувате Бугарија да ја усвои единствената европска валута, еврото, во 2026 година?“, објави бугарската агенција БТА.

Тој истакна дека, иако бугарската влада има обврска кон договорот потпишан со Европската Унија, нејзината најголема обврска е кон бугарскиот народ, како и дека промената на националната валута е прашање од големо значење и заслужува вистинска дискусија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button