ВЕСТИРЕГИОН

Радев ги почна разговорите со партиите за формирање влада

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ја започна првата од серијата средби со парламенттарните партии пред да го враќи мандатот за состав на новата влада. Првата од средбите е со претставници на „Продолжуваме со промените“.

Advertisements

„Убеден сум дека сфаќате каква огромна одговорност имате… довербата на бугарските граѓани не е ‘бесплатна’ и мора постојано да се одржува. Институцијата претседател е отворена за дијалог и соработка со идните влади во рамките на нејзините надлежности и овластувања. Важно е бугарските граѓани да ги знаат вашите приоритети и вашата подготвеност да формирате ефективна владина коалиција. Благодарен сум што ги изложивте вашите ставови за проширувањето на Европската унија, за утврдувањето на правата на бугарските граѓани, нашиот идентитет, историја и култура“, порача Радев по средбата.

Во моментов, според дискусиите, формула за распределба на мандатите во идната коалициска влада е: 10 места за „Продолжуваме со промената“, по четири за БСП и „Има таков народ“ и три за „Демократска Бугарија“.

Радев денеска ќе разговара и со претставници на ГЕРБ-УДФ, МРФ и БСП, а утре со „Има таков народ“, „Демократска Бугарија“ и партијата „Преродба“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button