ВЕСТИРЕГИОН

Радев гледа позитивни сигнали по посетата на Петков на Скопје

По посетата на премиерот Кирил Петков на Скопје, има многу позитивни сигнали, изјави бугарскиот претседател Румен Радев пред новинарите, пренесува БТВ.

Advertisements

Според него, треба да се поддржи секој чекор што води кон продлабочување на односите.

„Има многу позитивни сигнали од оваа посета. Сепак, се надевам, како што кажав во средата од собраниската говорница, заедно со сите напори за подобрување на поврзаноста, инвестициите, економијата, соработката – да не заборавиме на главните прашања што треба бидат решени и кои, всушност, ќе ја отклучат вратата за почеток на преговорите“, истакна бугарскиот претседател.

За него се апсолутно неосновани тврдењата дека ако Бугарија бара внесување на Бугарите во македонскиот Устав, како реципроцитет, Македонија може да бара признавање на македонското малцинство во Бугарија.

„Да не заборавиме дека нашите уставни системи се радикално различни. Бугарскиот Устав предвидува заштита на индивидуалните права, а македонскиот устав се заснова на заштита на колективните права на делови од народите“, рече Радев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button