Радев губи дел од поддршката за втор претседателски мандат

Парламентарната партија Движење за права и слободи нема да го поддржи Румен Радев на претстојните претседателски избори во Бугарија, изјави пратеникот од партијата Јордан Цонев во телевизиско интервју.
Причина за одлуката бил дијалогот меѓу претседателот Радев и лидерот на ДПС Мустафа Карадај за време на консултациите за формирање влада, кога Радев го прашал Карадај која е неговата татковина. До ваквите напади дојде по онбинувањата против привремениот министер за економија Кирил Петков дека има канадско државјанство и дека не треба да ја извршува таа функција.
„Поради оваа изјава ќе има последици. Како што придонесовме Румен Радев да стане претседател во 2016 година, така и сега ќе придонесеме да не стане повторно. Нема да го поддржиме на изборите”, изјави Цонев.