ВЕСТИРЕГИОН

Радев ќе ѝ даде на партијата „Продолжуваме со промените“ мандат за формирање нова бугарска влада

Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска ќе го врачи вториот мандат за формирање влада во рамките на 48. Народно собрание. Мандатот ќе го добие втората по големина пратеничка група – „Продолжуваме со промените“. „Продолжуваме со промените“ на поранешниот премиер Кирил Петков беше на власт во Бугарија од декември лани до август годинава. Првиот мандат го доби ГЕРБ-СДС, но пратениците не го поддржаа кабинетот на кандидатот за премиер, проф. Николај Габровски, предложен од првата парламентарна сила.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button