
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе му го врачи мандатот за состав на нова влада на Даниел Митов, кандидат за премиер номиниран од ГЕРБ – најголемата парламентарна група во Собранието. Радев вчера имаше консултации со политичките партии и парламентарни групи од 45-то Народно собрание – ГЕРБ, Има таков народ, БСП, ДПС, Демократска Бугарија и Исправи се, мафијата надвор.