ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Радев: Нема да поставуваме нови услови, но Скопје мора да ги исполни обврските од преговарачката рамка

Бугарија не поставува нови услови за европската интеграција на Северна Македонија, но инсистира земјата да ги исполни веќе преземените обврски од преговарачка рамка која ја усвои минатата година.

Advertisements

Ова, како што јави Бугарската национална телевизија (БНТ), го изјавил бугарскиот претседател Румен Радев во својот говор за време на синоќешната промоцијата на книгата „Борбата на македонските Бугари за права и независност. 68 случаи од периодот 1944-1994 година“.

Радев кажал оти Софија најсилно ја посакува интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија, но дека претходно мора да ги спроведе преземените обврски. Прашањето за правата на Бугарите во земјава, рекол Радев, не е билатерално ниту, пак, е балкански спор, како што се обидува да се претстави, туку ги засега основите на ЕУ.

„И денес, кога нè повикуваат да не поставуваме нови услови за евроинтеграциите на РСМ, кога нè повикуваат да престанеме да гледаме во минатото, туку само напред, само кон иднината, мораме мирно и јасно да кажеме дека не поставуваме никакви нови услови. Сакаме Скопје единството да ги исполни веќе преземените обврски кои се утврдени во преговарачката рамка“, изјавил бугарскиот претседател, кого го цитира БНТ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button