ВЕСТИРЕГИОН

Радев обвини оти новата бугарска влада ја турка Бугарија во војна

Бугарскиот претседател Румен Радев обвини дека новата влада ја турка Бугарија поблиску до војната со помагањето на Украина во конфликтот со Русија. Некои бугарски политичари, вели тој, на оваа војна гледаат како да се во театар и удобно се сместиле во публиката, а се во заблуда дека ќе останат само гледачи.

„Не сметам дека е соодветно политичарите со скромна изборна поддршка да зборуваат и да преземаат толку тешки обврски во име на Бугарија. Во интерес на цела Европа е веднаш да ги прекине непријателствата и да ги бара сите можни начини за обновување на дијалогот и мировните преговори наместо да се поттикнува конфликтот со ново оружје“, истакна бугарскиот претседател.

Земјите од Европската Унија во мај годинава го финализираа договорот за испраќање на Украина над еден милион гранати од 155 милиметри и проектили. Радев, пак, пред неколку дена го оцени како погрешно приклучувањето на Бугарија на договорот за обезбедување ракети на Украина и ги повика владата и Министерството за одбрана да се грижат повеќе за бугарската армија, а не за странските вооружени сили.

На обвинувањата на бугарскиот претседател, пак, експресно врати лидерот на владејачката ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов велејќи оти владата на ниту еден начин не ја турка земјата кон војна.

„Ние во никој случај не ја туркаме земјата во војна. Целиот демократски свет ѝ помага на Украина на кој и да е начин“, изјави Борисов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button