ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Радев: РСМ може да каже дека гради модерно општество кога ќе ги впише сонародниците на Гоце Делчев во Уставот

Раководството на РС Македонија треба да ја убеди не Бугарија, туку сопствените граѓани дека гради демократскa држава во која не се пука во бугарските клубови, тие не се палат, а Бугарите во оваа земја не се подложени на систематска репресија, физичко насилство и диригирани судски процеси, вели во изјава за БГНЕС бугарскиот претседател Румен Радев.

„Раководството на РСМ може да претендира дека гради модерно мултиетничко општество кога ќе смогне сили да ги запише сонародниците на Гоце Делчев во својот Устав“, вели бугарскиот претседател.

Тој истакнува дека составен дел од преговарачката рамка на С Македонија со ЕУ е и протоколот потпишан меѓу Скопје и Софија, во рамките на кој тој не гледа напредок.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button