Потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, призна дека на 24 септември бил во селото Бањска во Звечан во северно Косово и дека ги направил сите логистички подготовки за настаните од тој ден. Тој дал писмена изјава што го прочита неговиот адвокат Горан Петронијевиќ за време на прес-конференцијата во Белград.
„Ги известувам сите будни прогонувачи на српскиот народ, од Курти и неговите многубројни странски помошници, дека јас лично ги направив сите логистички подготовки за заштита на нашиот народ од окупаторот и овој мој чин нема друга цел, и нема никаква врска со моето минато“, рече Горан Петронијевиќ, адвокат на Милан Радоичиќ.
Адвокатот, читајќи го писмото на Радоичиќ, рече дека за своите постапки Радоичиќ не информирал никого од српската влада или локалните политички структури на северот на Косово, ниту добил „каква било помош“ од нив.
„Причината за нашето враќање беше да ги охрабриме Србите, луѓето во тој дел, да се спротивстават на теророт на режимот на Курти, заштитувајќи го нашиот народ, кој е изложен на тој терор секој ден“, додава Петронијевиќ.
Во писмото, Радоичиќ нагласува дека убиството на косовскиот полицаец било „случајно“, по што започнал „жесток судир меѓу двете страни“. Тој рече дека напаѓачите не биле „терористи“, туку „борци за слободата на својот народ“. Тој ја информираше јавноста дека поднесува оставка од позицијата на Српската листа. Неговиот адвокат негираше дека Радоичиќ бил ранет во Бањска. Ова е првпат Радоичиќ јавно да реагира по нападите на 24 септември.
Алсат