СПОРТ

Рафаел Надал ги изненади сите, се откажа од Австралија Опен

Рафаел Надал ја шокираше тениската јавност откако утрово обелодени дека го откажува својот настап на Австралија Опен. Шпанецот ја пропушти речиси целата ланска година, најавуваше камбек во 2024, но турнирот во Бризбејн на кој настапи пред неколку дена само ги обнови неговите здравствени проблеми.

Advertisements

Повреда на мускулот е причината поради која Надал нема да може да настапи во Мелбурн, па шпанскиот тениски великан објави дека нема да може да настапи на првиот гранслем турнир во 2024 година.

„Здраво на сите, за време на последниот меч во Бризбејм имав мал проблем со мускулот што како што знаете ме загрижи. Во Мелбурн направив снимање и покажа микро-кинење на мускулот. Добра вест е што не е истиот дел од мускулот што порано беше повреден, но сега не сум во можност да играм мечеви што би траеле до пет сета. Затоа, се враќам назад во Шпанија, на консултации со мојот доктор, за мирување и потоа почнување со рехабилитациска програма. Работев многу напорно за овој камбек и секогаш велев дека ќе бидам на посакуваното ниво за околу три месеци. Жалам што нема да можам да играм пред прекрасната публика во Мелбурн, но останувам оптимист дека сезоната ќе биде позитивна како што ќе минува времето. Ви благодарам на сите за поддршката и се гледаме наскоро“, објави Рафаел Надал на своите профили на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button