СПОРТ
Рафаел Надал ќе се појави и во сингл конкуренција на Дејвис Купот?!

Според шпанска „Марка“, сè е подготвено за кам-бекот на терените на Рафаел Надал и „Бикот од Мајорка“ треба да се појави во дресот на Шпанија во Дејви Купот.
На теренот во Малага се очекува Надал да се најде од 17:00 часот, а за ривал ќе го има најверојатно Ботик ван де Зандшулп. Ова ќе биде последен турнир во кариерата на шпанецот, па буквално секој меч може да биде и негов последен, зависно од останатите резултати.
Во Дејвис Купот промените се можни до последен момент, меѓутоа се очекува Давид Ферер да му верува на големиот шампион и да му даде шанса во сингл конкуренција.
Секако, главен адут на шпанците на оваа Дејвис Куп завршница против холанѓаните е Карлос Алкараз.