СПОРТ
Рафаел Надал на списокот со учесници на АТП турнирот во Доха

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал имаше голема желба да настапи на првиот гранд-слем сезонава во Мелбурн, но повредата што ја заработи во Австралија повторно го одвои од терените.
Освојувачот на 22 гранд-слем титули се најде на списокот со учесници на АТП турнирот што почнува во Доха на 19. февруари.
По долга пауза поради повреда, Надал се врати на теренот во Австралија на почетокот на 2024 година, но не одигра многу натпревари. По поразот од Џордан Томпсон, на Шпанецот му стана јасно дека се уште е рано да се натпреварува во три освоени сета и го откажа настапот на Австралија Oпен.