СПОРТ
Рафаел Надал нема да настапи на турнирот во Доха

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал требаше да настапи на турнирот во Доха, меѓутоа беше принуден да го одложи враќањето на тениските терени.
Надал преку својот профил на социјалните мрежи објави дека нема да настапи на турнирот во Катар.
„Сакав да играм во Доха, но за жал не сум подготвен за настап. Ќе се фокусирам максимално за да се вратам на теренот во Лас Вегас и да заиграм на турнирот во Индијан Велс“, напиша Надал